Македонија
26. April 2018 - 20:57

Џафери: Сечиј живот во Собранието на 27 април беше подеднакво важен

 Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанска војна, рече спикерот Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ тема.

За веме на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, домашни и странски, како и со претставници од партијата.

- Точно е, му се јавив на министерот да прашам што се случува, а директрот не можев да го добијам, нагласи претседателот на Собранието.

Пред отворањето на вратите во Собранието, неговата проценка била дека, ако Али Ахмети е во Парламентот, сиот гнев на граѓаните ќе биде истурен врз него имајќи го предвид минатото, 2001 година.

- Потенцијално, неговото присуство би резултирало со она што му се случи на Села. Во судска постапка се докажува дека Села го оставиле зашто мислеле дека е починат, рече Џафери.

Осврнувајќи се на случувањата тој ден, истакна дека првично почнал нападот врз СДСМ, а кога се увидело колку е сериозна ситуацијата, дека има луѓе со маски и дел вооружени, Заев им рекол на пратениците дека на претседателот на Собранието не смее да му се приближи никој, по што Џафери се повлекол назад. 

- Од Собранието не евакуираа во касарната „Ѓорче Петров“. Откако се дозна дека Села е повреден, пред да одам дома, го посетив. За Шекеринска не дадоа податоци каде е, поради што не можев да ја видам, рече Џафери.

Во врска со обезбедувањето, нагласи дека Собранието не е самостојно во секоја смисла. - Имаме Собрание кое зависи од општиите и заедничките работи на Владата, подвлече Џафери