Џафери се сретна со европратениците Вајгл и Кукан
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната протоколарна средба ги информирал европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан за тековните активности на македонскиот Парламент и за последните случувања во земјата на политички план.
Европратениците, како што соопшти собраниската прес-служба, изразиле задоволство од постигнатите резултати и стабилизацијата на работата на законодавниот дом.
Тие искажале подготвеност да ги поддржат сите активности кои би ја подобриле соработката на парламентарното мнозинство и опозицијата, со цел да се заокружат реформските процеси и земјата да се движи во позитивна насока на патот кон пристапување во Европската унија.
На средбата, како што е наведено во соопштението, уште еднаш се потврдиле заложбите на Европскиот парламент да се зајакне соработката со Собранието на Република Македонија во насока на поддршка на евроинтегративните процеси на земјата и реализацијата на реформските процеси, неопходни за добивање на позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и за отпочнување на преговори за полноправно членство во европското семејство.
Европратениците Вајгл и Кукан учествуваат на Конференцијата на парламентарните Комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, што се одржува во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила