Џафери се сретна со делегација од Данскиот парламент
Данска и Северна Македонија досега имаат добри и пријателски односи, потребно е интензивирање на заемната политичка комуникација на секое ниво. Ова се дел од заклучоците од днешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот Парламент Нилс Флеминг Хансен.
Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од страна на Кралството Данска на нашиот пат на евроинтеграција и членство во НАТО. Го потенцираше и фактот дека данскиот парламент беше еден од првите парламенти меѓу членките на Европската Унија што во 2002 година го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Исто така и еден од првите парламенти што го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО на Република Северна Македонија.
Претседателот на Собранието Џафери, како што се наведува, ја нагласи и важноста во овој момент да се пристапи кон измените на Уставот со цел да се започнат преговорите со ЕУ при што потенцираше „ова е моментум кога треба сите политички партии во Собранието да ја согледаат важноста да се дојде до едно решение кое ќе не придвижи напред кон ЕУ“.
Претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот парламент Нилс Флеминг Хансен се заблагодарил во име на делегацијата за можноста за средба со претседателот Џафери и ја истакнал важноста на овие средби за понатамошната соработка и интензивирање на соработката меѓу двете земји на секој план.
- Во дискусија се вклучија и преостанатите членови на делегацијата, при што во фокусот на нивниот интерес беше нашиот евроинтеграциски пат, ситуацијата со уставните измени, а изразија интерес и за интензитетот на јавната поддршка која постои во нашата земја во однос на прашањето за интеграција во ЕУ, стои во соопштението.
Собраниската прес-служба посочува дека на средбата гостите од Данска ја изразиле својата поддршка за Република Северна Македонија и спремноста да помогнат колку што можат во нашите аспирации околу започнување на пристапните преговори со ЕУ.
Ново на Сител
-
Полициската управа на Федерацијата БиХ ќе ги проверува наводите дали Радоичиќ набавил оружје од Тузла
-
Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково | ВИДЕО
-
Мицкоски: Да се обединиме зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ковачевски: Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски
-
Радоичиќ сослушан, ги негирал сите кривични дела
-
Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот
-
Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово
-
Мицкоски на средба со туристички работници од Охрид: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде еден од приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ