Џафери: Рамазан Бајрам нека биде поттик за правење добри дела
Овој празник кој е посветен на милоста, љубовта и меѓусебното опростување, нека донесе полни срца и ум со убави и позитивни мисли и нека биде тоа поттик за правење на добри дела кои уште повеќе ќе ни ги облагородат душата и телото, напиша претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во честитката по повод верскиот празник Рамазан бајрам.
– За празниците се споделува со блиските, со далечните, со познатите и непознатите, меѓутоа, овие години на пандемија наметнаа поинакви правила и го смалија кругот на луѓето со кои сме опкружени, сепак, тоа не не спречува да споделуваме убави зборови, да пружиме рака на поддршка и да бидеме од помош таму каде што има потреба. Понекогаш, дури и мала, но топла насмевка е сѐ што е потребно за да заживее вербата дека сите сме еднакви и имаме потреба од еднакви нешта. Пандемијата, иако не оддалечи физички, сепак го сплоти човештвото во справување со предизвиците што ги донесе со себе. Заедно, да растеме индивидуално и колективно врз темелот на взаемна почит, соработка кон постигнување на заедничките цели, кон нашата подобра иднина, се вели во честитката.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана