Македонија
28. January 2021 - 12:02

Џафери: Пратениците ги проверуваше ДИК, не знам кој пратеник бил осуден за силување

-Собранието  нема судска надлежност за да истражува, дали и кој пратеник бил осуден за кривично дело како што тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, вели Собранискиот претседател Талат Џафери. Тој вели дека ДИК преку проверката на пратеничките листи пред изборите ги проверил народните избранинци и да потврди дека на нив нема лица кои се осудени. 

-Се знае евиденцијата ја водат судовите. ДИК мора да има потврди од нив, вели Џафери.
 
 
Катерина Нешкова