Македонија
26. December 2019 - 12:11

Џафери: По изборот на техничка влада, изборите се извесни

Доколку се избере техничка влада, одложувањето на изборите нема да биде можно ниту теоретски ниту законски. Ова го посочи претседателот на Собранието Талат Џафери, по последниот брифинг со новинарите за оваа година.

Џафери рече дека процедурите не налагаат одложување за избор на техничка влада ниту за предвремени ниту пак за редовни парламентарни избори.

Одложување на изборите е можно, вели Џафери, но само доколку на 3-ти јануари не се избере владата предвидена со Пржинскиот договор. Тогаш, Собранието продолжува со редовна работа, се до нов договор меѓу партиите.

Џафери информираше и дека власта и опозицијата се усогласиле околу 40-те закони чие носење е извршено со рок, а се однесуваат главно на пензиите, социјалата, и здравството. Парламентот денеска продолжува со работа, а на дневен ред се пратеничките прашања.

 

Горан Симоновски