Џафери: Нема правен основ за реализација на иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, информира дека ја добил и ја разгледал иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, а која се однесува на барањето за доброволно тестирање на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија од наркотици, соопштија од Кабинетот на Џафери.
-Ве информираме дека во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања, стои во соопштението.
Според Законот за безбедност и здравје при работа, член 22, став 1, работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Пратениците и вработените во Собранието на Република Северна Македонија, како и сите вработени лица во државата, се посочува, одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба. Последниот се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на годинава.
-Дополнително, не се точни тврдењата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека претседателот на Собранието може и без формално покрената иницијатива, да утврди одговорност на пратеник. Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците, член 15, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија нема надлежност во постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки за пратениците, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка