Македонија
28. April 2021 - 10:52

Џафери: Нема основ за повеќе пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ

Нема правен основ пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат повеќе пратенички групи. Ова е ставот на собранискиот спикер Талат Џафери на вчерашната идеја на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се формираат повеќе групи со цел партијата да има повеќе механизми во собраниската сала.
 
Иако Деловникот овозможува пратеничка група да формираат најмалку 5 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ има дури 44, а и во минатото истиот механизам го користеше СДСМ, Џафери вели дека нема да дозволи такво нешто бидејќи сега политичките прилики не биле исти.
 
 
Катерина Нешкова