Македонија
7. February 2020 - 17:55

Џафери: Нема да дозволам театар, Законот ќе се гласа кога ќе има договор

Нема потреба од тензии во Собранието пред избори, вели собранискиот спикер Талат Џафери за тоа дали законот за обвинителство ќе биде ставен на седница пред распуштањето на парламентот в среда и дали ќе се стигне со него. Џафери вели дека нема намера да прави театар и да отвара седница без усогласен закон.

Џафери е дециден дека седница по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на собранието на 12 февраури ќе има.

Премиерот Спасовски пак, побара опозцијата да биде одговорна бидејќи законот бил национелен интерес кој ќе помогне во евроинтеграциите.

Но, додека техничкиот премиер повикува на работа, преговорите меѓу власта и опозицијата затаија. Контакти меѓу министерката Рената Дескоска и преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема, велат од работните групи.

Опозицијата останува на ставот дека експертите треба да го напишат законот.

Засега нема сигурен исход ни од преговорите на Дескоска со Зијадин Села, независната група на пратеници, па дури и коалициската ДУИ за обезбедување на 80 пратеници без ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално, се споменува дека ќе се остави простор за договор со нив во текот на викендот за да може законот да биде испратен и во парламентот.