Македонија
7. October 2015 - 16:11

Џафери не го повлекува законот за необјавување на прислушувани материјали

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери попладнево рече дека нема да го повлече предлог-законот за забрана на располагање, поседување и злоупотреба на материјалите од прислушуваните разговори.

Џафери во Собранието имаше едночасовна средба со белгискиот експерт и медијатор во разговорите Питер Ванхауте, на која присуствуваше и вицепремиерот Фатмир Бесими.

Белгискиот експерт по средбата не сакаше да ги коментира разговорите со Џафери и најави изјава за подоцна во текот на денов.