Џафери: Наша должност е да ја развиваме парламентарната дипломатија
Преку парламентарната дипломатија ја јакнеме и развиваме демократија дома, во регионот и на глобално ниво, порачал денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 3. Самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа што се одржува во Варашва, зборувајќи на темата „Парламентите во меѓународните политики“.
- Наша должност е да продолжиме да ја негуваме и развиваме парламентарната дипломатија, да ги решаваме сите предизвици кои ги носи глобализацијата, без разлика дали станува збор за прашања од областа на екологијата, мигрантската криза, организираниот криминал и тероризам, па се до заеднички економски и инфраструктурни проекти, рекол Џафери, соопштија од неговиот Кабинет.
Џафери пренел искуства од Македонија и навел дека ако на почетокот Собранието повеќе личело на гласачка машина која ги усвојува предложените закони од Владата, денеска во него се водат „живи, аргументирани дебати“.
Како што укажал, најголем напредок е постигнат во јакнењето на надзорната улога на Парламентот врз извршната власт и сè поизразената улога на парламентите во меѓународните односи, на билатерално и на мултилатерално ниво, односно развојот на парламентарната дипломатија.
Според Џафери, парламентарната дипломатија за која е убеден дека се развива успешно во регионот, овозможила две клучни работи.
- Дефинитивно да разбереме и да прифатиме дека само преку дијалог можеме да ги надминеме билатералните недоразбирања и историски антагонизми, и во исто време, да увидиме дека тоа е и единствениот пат кој ќе ја води секоја држава поединечно и целиот регион во ЕУ и НАТО, рекол Џафери.
Тој оценил дека Собранието на Република Македонија денес има високоразвиени односи со парламентите на Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, а тоа што е најважно, како што потенцирал, е дека како парламенти одиграле пресудна улога во надминување на некои долгогодишни, историски отворени прашања.
- Лично се надевам дека ваквите односи набрзо ќе ги воспоставиме и со соседна Грција, сега кога веќе е потпишан договорот со кој се постигна конечна спогодба за решавање на разликите околу името на нашата држава, рекол Џафери
Ново на Сител
-
Семејството на Шаулиќ се обрати на јавноста по сообраќајната несреќа
-
Жител на Ласкарци ја пронајде девојката која ја спасил во несреќата: „Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“
-
Снимка од сообраќајната несреќа на Шабан Шаулиќ - Балканот во шок од загубата
-
Попладнево работна средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ
-
Џирона го „тресна“ Реал на Сантјаго Бернабе
-
Последните зборови на Шабан: Кревам чаша за сите овие години кои беа зад нас
-
Скопски криминалец уапсен на ГП Богородица
-
Американската војска достави помош на границата со Венецуела