Македонија
24. April 2018 - 8:54

Џафери на Конференција во Талин

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана на претседателот на Парламентот на Естонија, учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската Унија, што ќе се одржи во Талин, Естонија.

Конференцијата, како што соопштува собраниската прес-служба, ќе опфати теми за иднината на Европската Унија и Европската безбедност и одбрана.

На маргините на конференцијата, што се одржува во рамките на естонското претседателство со Советот на ЕУ, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со своите европски колеги.