Џафери-Мичел: Очекувања за позитивен исход на претстојниот референдум
Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со помошник-државниот секретар на САД Вес Мичел, истакна дека со посетите на високите американски претставници, се докажува посветеноста на нашиот стратешки партнер за унапредување на интеграцискиот процес на Македонија во НАТО и ЕУ.
Како што соопшти кабинетот на Џафери, ова е уште една во низата посети на официјални лица од САД како потврда на јасната, силната и недвосмислена поддршка за Република Македонија.
- Во продолжение, Џафери рече дека приоритет на новото мнозинство е реализацијата на стратешката цел на Република Македонија, а тоа е полноправното членство во НАТО и затоа претходно фокусот беше насочен кон подобрување на односите со соседите. Првин се потпиша Договорот за пријателство со Република Бугарија, а потоа и Договорот со Република Грција, за да се надмине и последната пречка во реализацијата на целта, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.
Според соопштението, Мичел рекол дека јавноста во Република Македонија е веќе свесна за тоа колку силно САД го поддржуваат Договорот од Преспа и ја подвлекол важноста на позитивниот исход на претстојниот референдум, имајќи предвид дека тоа е во полза на државата.
Тој, како што се посочува, истакна дека САД и понатаму ќе пружи недвосмислена поддршка за напредокот на Република Македонија, уверувајќи дека фокусот на неговата земја за Регионот е константен и непроменет.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето