Македонија
30. July 2021 - 10:27

Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август

Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август петок.

Првиот круг на изборите ќе ги закаже за 17 октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување, објави Џафери.

Во одност на измените на Изборниот законик спикерот не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1 август.
Напомена дека комисијата за политички систем треба да ги заврши амандманите. На измените на Изборниот законик досега се поднесени над 700 амандмани.
- Вчера ја гласаа резолуцијата со цело уставно име и не гледам потреба сега да проблематизираат, рече Џафери на брифингот со новинарите.

Катерина Нешкова