-->
-->
Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август
-->
Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август петок.
Првиот круг на изборите ќе ги закаже за 17 октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување, објави Џафери.
Во одност на измените на Изборниот законик спикерот не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1 август.
Напомена дека комисијата за политички систем треба да ги заврши амандманите. На измените на Изборниот законик досега се поднесени над 700 амандмани.
- Вчера ја гласаа резолуцијата со цело уставно име и не гледам потреба сега да проблематизираат, рече Џафери на брифингот со новинарите.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација