Џафери изрази сочувство за смртта на поранешниот пратеник Стојан Ковачевски
Претседателот на Собранието Талат Џафери од свое и од името на пратениците упати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот пратеник Стојан Ковачевски, по повод неговата смрт.
– Тажната вест ја примив со искрено жалење, бидејќи почитуваниот Стојан Ковачевски, беше и долгогодишен поранешен пратеник, беше наш драг и почитуван колега кој со својата принципиелност, професионалност и праведност, беше пример за сите колеги, без оглед на политичката провиниенција, се наведува во телеграмата со сочувство на Џафери.
Тој во телеграмата додава дека Ковачевски несомнено „беше дел од градењето на политичкиот плурализам во земјата и дел од носењето на значајните и стратешки одлуки за иднината на земјата, со безрезервна посветеност на актуализирање и барање законски решенија за демократизирање на општествениот живот на Република Македонија и унапредувањето на земјата во секој можен сегмент од тој живот“.
– Изразувам сочувство и до познаниците, пријателите и соработниците на нашиот драг поранешен колега, убеден дека споменот за него, неговата посебност и праведност, ќе останат вечно во нивните спомени, затоа што знам дека тој ќе биде дел од нашите спомени на заедничките битки за подобро утре за нашите граѓани. Искрено сочувство, нека почива во мир, се посочува во телеграмата.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж