Ѕанакопулос: Во Парламентот има мнозинство и за доверба на Владата и за Договорот од Преспа
Мојата процена е дека Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата, рече владиниот портпарол и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија Алфа.
Говорејќи за одлуката на грчкиот премиер Алексис Ципрас да побара доверба од Парламентот, рече дека е „иницијатива со висока политичка симболика, но и голем политички ризик“ и ги поставува пратениците и политичките сили пред историска одговорност.
Ѕанакопулос објасни дека гласањето доверба на Владата не треба да се поврзе со ратификацијата на Договорот од Преспа, бидејќи се две комплетно различни гласања, а едното не го одредува другото, но додаде дека и за двата процеса постои мнозинство во актуелниот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
-Моето мислење е врз основа на она како досега стојат работите и врз основа на изјавите на политичките сили, особено во однос на Договорот од Преспа, дека е обезбедено апсолутно мнозинство во актуелниот Парламент, рече Ѕанакопулос и објасни дека причината зошто премиерот бара доверба е за да се избегне неизвесност во Владата по повлекувањето на Панос Каменос.
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор упати критики до лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, дека не се осмелил да поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата „бидејќи длабоко во себе не сака актуелната Влада да си замине пред да се завршат низа теми меѓу кои главната е Договорот од Преспа“.
-Господинот Мицотакис сака да помине Договорот од Преспа, но нема храброст. Бидејќи е неодговорен политичар, политичар кој нема сила да ја брани политиката, кој длабоко во неговиот ум знае дека е во корист на националниот интерес, рече Ѕанакопулос и додаде дека Мицотакис во конкретната политичка насока, веќе една година го води екстремно десничарската група од Нова демократија.
Во однос на написите во грчките медиуми дека постои договор на Владата со одредени пратеници кои не се членови на СИРИЗА да дадат глас за доверба, а во замена да добијат или министерска позиција или место на гласачките листи на СИРИЗА, Ѕанакопулос вели дека не постои такво нешто, коментира дека станува збор за глупости, бидејќи „пратениците ќе гласаат според нивната совест“.
За вчерашното барање на Панос Каменос да се одржи референдум и во Грција за Договорот од Преспа, портпаролот на Владата смета дека „референдуми за прашања што се однесуваат на имиња на друга земја, звучат доста парадоксално“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово