Ѕанакопулос: Се најдоа двајца лидери со мозок да стават крај на спорот
Конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во говорот за време на расправата во грчкиот парламент.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос истакна дека со договорот, се затвора векот на Големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации.
Говорејќи за опозициите во двете земји, рече дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични.
- ВМРО-ДПМНЕ го нарекува господинот Заев предавник. Нова демократија и господинот Мицотакис го нарекуваат господинот Ципрас предавник. Прашањето е, на крај кој од двајцата е предавник? Господинот Ципрас или господинот Заев? Никој од нив двајца не е предавник, дами и господа од опозицијата. Едноставно, конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на еден спор што лишуваше дипломатски и политички капитал од Грција, но и од Балканот. Се најдоа двајца лидери, конечно да го затворат поглавјето на националистичка ескалација и на приврзаниците на Големата идеја кои не се однесуваат само на нашите соседи, туку се однесуваат и на вашите големи идеи и на вашите националистички апсурди, рече Ѕанакопулос, обраќајќи се до опозициската Нова демократија.
Во голем дел од говорот, Ѕанакопулос со критики и обвинувања, одговори на критиките и обвинувањата од Самарас, кој говореше пред него во грчкиот парламент.
Рече дека поранешниот премиер, на начинот на кој управуваше со преговорите „ги дестабилизираше односите со соседната земја“ и порача дека Нова демократија „го има послано тепихот за национализмот“.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка