Македонија
7. May 2018 - 16:27

Ѕанакопулос: Промена на името - предуслов за решение

Промена на Уставот за промена на уставното име е неопходен чекор за решение на спорот за името. Портпаролот на грчката Влада, Димтрис Ѕанакополус во изјава за грчките медиуми вели дека на Скопје и Атина им треба договор кој прецизно ги опишува чекорите.

„Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција  за интеграција на соседот во сите меѓународни организации“

Само 5% Грци сметаат дека најважниот проблем во грчката надворешна политика е управувањето со спорот за името, покажува последното истражување на јавното мислење кое го објави грчкиот весник Етнос.
Сложено име кое го содржи терминот Македонија е разбирлива перспектива за 45% од граѓаните на Грција.  23% од анкетираните велат дека тоа им создава бес а 14% се срамат што се Грци.
13% од анкетираните велат дека се рамнодушни а 5% одбиле да дадат одговор.
45% од Грците во Македонија гледаат непријател. Најнепријателски јужниот сосед е наклонет кон Турција во која 87% Грци гледаат непријател.
Најпријателски чувства Грците негуваат кон Бугарите каде само 10% гледаат непријатели.
Над две третини Грци сметаат дека Македонија не претставува закана за Грција.

Анкетата на Етнос доаѓа на помалку од една недела пред новата рунда преговори која Димитров и Коѕијас ја закажа  петок и сабота во близината на Атина

На последната средба во Солун беше констатиран напредок но и двајцата министри потенцираа дека клучните прашања и натаму остануваат отоворени.
Се уште нема договор за опсегот на употреба на новото име и барањето за промена на македонскиот устав.
Во сабота во Атина на Димитров и Коѕијас ќе им се придружи и медијаторот Нимиц во уште еден обид да се расчисти теренот за евентуална средба на Заев и Ципрас на самитот ЕУ-Западен Балкан на 17 мај во Софија.