Ѕанакопулос: Ципрас во средината на јануари ќе одлучи кога Преспанскиот договор ќе влезе во грчкиот Парламент
Грчкиот премиер Алексис Ципрас по 18 јануари ќе донесе одлука кога Преспанскиот договор ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот Парламент, „до кога се очекува тој да ја мине соодветната процедура во Скопје“, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, цитиран од електронското издание „Катимерини“.
-Во моментов се прават потребните „парламентарни комбинации за ратификација на Договорот и тие се интензивни“. Конкретно на прашањето дали ќе се собере неопходното мнозинство од 151 глас, гласноговорникот на грчката Влада соопшти дека од самиот почеток на овој процес има изјави од партијата Потами, како и од некои пратеници од левоцентристичкото Движење за промени, дека Договорот претставува уникатна историска можност за решавање на проблемот.
И поранешниот грчки шеф на дипломатијата Никос Коѕијас во саботата во ексклузивното интервју за МИА изрази увереност дека грчкиот Парламент има мнозинство за ратификција на Договорот од Преспа, пренесува „Катимерини“.
Минатата недела грчки дипломатски извори за весникот „Елефтерос типос“ изразија очекување дека Договорот од Преспа меѓу Атина и Скопје уште во текот на јануари ќе влезе во процедура на ратификација во грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари