Македонија
10. December 2019 - 14:45

Двотретинско мнозинство за Законот за одбрана, наместо лицитација со ратификацијата, велат од Владата

Двотретинско мнозинство очекуваат од Владата за Законот за одбрана, кој е ставен утре на седница на Собранието. Извори од Владата велат дека наместо да се лицитра со датумот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, сега е момент партиите да гласаат за Законот.

Единствен аргумент на ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од Владата, во моментов е дека нема да дадат поддршка затоа што на законот стоело името Република Македонија и додаваат дека истото име стои и на ратификацијата, која треба да помине во Собранието.

Неодговорно е брифираат од Владата, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Шпанија би требало до крајот на јануари да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, според ветувањата и прогнозите кои му ги дал шпанскиот премиер Педро Санчез на неговиот македонски колега Зоран Заев на средбата на маргините на Самитот на НАТО во Лондон.

Санчез изразил надеж дека сите процедури во Шпанија околу формирање на Владата и комлетирање на Парламентот со сите негови работни тела би завршило до почетокот на следниот месец, а ратификацијата би се случила на крајот на истиот месец.

Во врска со тоа дали постои план Б, доколку Шпанија не го ратификува протоколот дотогаш, а нашето Собрание се распушти на 11 февруари поради изборите најавени за 12 април, од Владата брифираат дека може да разбоработат варијанта, според која ќе дадат предлог за условно ратификување, односно да се донесе одлука во Парламентот и таа да биде објавена во Службен весник, откако Протоколот ќе се ратификува во Шпанија.

-Постои таква пркса, но не би сакале да ја применуваме и тоа е право на Владата, таа е предлагач, велат извори од Владата и додаваат дека ова прашање не треба да се потлизира од опзоцијата, која нема право да дава таков предлог.

Со нашето членство во НАТО, појаснуваат од Владата, ние и формални и фактички ќе бидеме инкорпорирани во воените структури на Алијансата.

Големи се придобивките за земјата по влезот во НАТО, земјата ќе има политички прашања, понекогаш тешки политички прашања, но тие нема да бидат егзистенцијални. Сепак, одговорноста е на нас самите, додаваат владини избвори, бидејќи не постои „НАТО, кој може да те спаси од твојата глупост“.

Не сите земји-членки исто го искористиле членството, некои се рекалсирале и мислеле дека со влезот ја завршиле својата работа, но, како што велат од Владата, земјата ќе продолжи да работи во насока на она што го ветила.

Акцент меѓу другото ќе биде ставен на модернизација на Армијата, пред се опремување на лесната пешадија, бидејќи таа ни е главниот капацитет, со кој ќе се декларираме во НАТО.

Во однос на ветувањата од Велс, два отсто од Буџетот да одвојуваме за НАТО и 20 отсто од целокупниот буџет во земјата да оди за одбраната – првото според плановите ќе се реализира до 2024 година, а второто веќе следната година.

За следната година е планирано и пополнување на НАТО структурите со наши луѓе. Мисијата во НАТО ќе брои околу 20 луѓе од одбрана и десет до 15 од МНР и други институции.

Од Владата очекуваат догодина 80 отсто од одбранбената мисија да биде пополнета, а во рамки на НАТО командата како структура Македонија ќе има околу 20 позиции.

Земјата веќе придонесува во НАТО операциите, а тие бројки со членството ќе се зголемуваат.

Земјата има декларирано лесна пешадиска борбена група, која брои околу илјада луѓе, кои треба да бидат соодветно опремени, извежбани, обучени, да бидат на располагање. Од Владата очекуваат таа борбена група целосно да биде подготвена околу 2024/25 година.