Балкан
8. October 2016 - 10:14

Дворецот Топкапи, еден од симболите на Истанбул, пред ризик да се урне

БТА - Софија

Не постои човек кој не слушнал за дворецот Топкапи или Топкаи сарајот, како што го нарекуваат во Турција - исклучителен дворен комплекс во Истанбул, административната резиденција на поголемиот дел од 36-те султани на Отоманската империја. До почетокот на 17-иот век во Топкапи бил сместен и харемот на султаните.

Расположен меѓу Златниот рог и Мраморното море, впечатливиот дворец нуди глетка кон Босфорот која ве остава без здив, на која се насладувале не само неколку први маѓи на империјата. Во близина на дворецот се извишуваат минарињата на византиската црква Света Софија, која е претворена во џамија по преземањето на Константинопол од османлиите во 1453 година.

Исто како и Света Софија, и дворецот Топкапи денес служи како музеј, а притоа е и еден од најпосетуваните споменици во турскиот мегаполис. Денес него го посетуваат годишно над 10 милиони туристи и го става на прво место по посетеност меѓу музеите во Турција. Познатиот османлиски дворец минатата година се најде на третото место во рејтингот на Дојче веле на десетте најпосетувани замоци во Европа, надминат единствено од Версајскиот дворец, и Петерхоф покрај Санкт Петербург познат по своите фонтани.

Во 1985 година, Топкапи беше вклучен во списокот на светското културно наследство на Унеско. Топкапи е познат и како дворец на слтанот Сулејман Великиот, кој владеел 36 години и скоро целиот живот го минал таму. Дворецот е изграден по наредба на султан Мехмед Втори Завојувачот. Дворскиот комплекс се сотои од четири големи дворови во кои за време на епохата на Отоманската империја живееле и работеле до пет илјади дуѓе - колку и во еден мал град.

Дворецот Топкапи скоро четири века служел како резиденција на османлиски султани. Поседува една од најголемите музејски колекции во светот од порцелан, оружја, исламски калиграфски ракописи и ѕидни украси. Меѓу најинтересните посетувани згради на дворскиот комплекс Топкапи е скривницата, каде се изложени бесценетите богатства на турските султани од целиот свет.

Златен рон, 98-каратна сабја, јатагани украсена со смарагди и мноштво други скапоцеии предмети нема шанса да не создадат слика мислите кај посетителите за скривницата во пештерата на Али Баба и 40-те разбојници од збирката приказни „Илјада и една ноќ“. Скривницата се наоѓа во третиот внатрешен двор на дворецот и по интересот од посетителите му конкурира на харемот, каде минатото исто така ја распламтува фантазијата на посетителите. Но деновиве скривницата беше затворена за посетители откако се утврдило дека во потпорните ѕидови се појавиле длабоки пукнатини кои прават ризик од урнивање.

Според експертите, сигнали за слична закана која е надвисната над Топкапи има одамна, а под најголема закана е секторот кој води до широкиот парк Ѓулхане, некогашен дел од дворскиот комплекс. Откако Топкапи беше претворен во музеј, Ѓулхане беше ооделен како општински парк со кој стопанисува големата општина на Истанбул.

Во април годинава, се урнал ѕид на брегот на Ѓулхане, во делот кон морето. Случајот го сврте вниманието на експертите кон дворецот. При истрагите, се покажа дека под фасадата се појавиле пукнатини, големи колку човечки лакт. Беше направен протокол со кој беше задолжено министерството за култура и туризам и со министерска наредба скивницата беше затворена. Во моментов се извршува реконсрукција на скривницата, а османлиските богатства можат да се видат во другите згради на комплексот Топкапи, каде се ставени под специјална заштита.