Македонија
5. March 2018 - 9:57

Двојно зголемени водотеците на повеќето реки низ Македонија

Речиси тројно повисоко е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во споредба со просекот за февруари, а Вардар и Сатеска се двојно зголемени, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, зголемувањата на Пчиња, Црн Дрим и Струмица не се драстични, а пониски нивоа покажуваат Брегалница и Крива Река. 

Кај водостојот на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро нема речиси никакви промени во однос на просечните вредности.