Македонија
15. March 2018 - 10:46

Двојно зголемени нивоата на Вардар, Треска, Пчиња и Сатеска

Речиси двојно повисоки од просекот за март се нивоата на реките Вардар кај Велес и Зајчев Рид, Треска кај Македонски брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун, соопшти УХМР.

Покачувања, но не драстични, се измерени на Вардар кај Јегуновце, Крива Река кај Крива Паланка и  Брегалница кај Штип. 

Хидролошките мерења покажуваат пониски водостои за неколку сантиметри од мартовскиот просек на Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани. 

Состојбата со Преспанското, Охридското и Дојранското езеро е скоро непроменета.