Македонија
12. December 2018 - 11:11

Двојно зголемен водостојот на речиси сите реки во Македонија

– Водостојот на речиси сите реки во Македонија е скоро двојно зголемен во однос на декемврискиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најголемо зголемување за околу седум пати има кај реката Треска, а скоро двојно е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев Рид во Скопје. Двојно е зголемен водостојот и на Пчиња и на Крива Река. Исклучок е реката Сатеска каде водостојот е 17 сантиметри под нормалната кота.

Во однос на езерата, има зголемување кај Дојранското и Преспанското езеро, а мало намалување на нивото кај Охридското Езеро.