Бизнис
12. April 2016 - 19:40

Двојно зголемен бројот на издадени одобренија за градба

Пролонгирањето на примената на повластената стапка на ДДВ од 5 отсто за станбени згради и куќи за уште три години  причина за пораст на  бројот на одобренија за градба.

Ваквата поволнсот требаше да заврши  во декември лани, но државата реши  да важи до 2019 година. Тоа им помогна на инвеститорите да  продолжат со инвестициите.  За зголемување на бројот на дозволи удел имаат и државните проекти- купи куќа за млади и купу куќа купи стан.

Последнава деценија годишно се завршуваат од 5 до 6.000 станови, но според анализите на комората засега нема простор за нивно поевтинување

Статистика вчера објави зголемување на бројот на дозволи за градба за 48 отсто во февруари годинава во споредба со истиот период лани.

Градежниот сектор 2015 ја  заврши  со раст од 38 отсто и важеше за двигател на економијата, тренд кои се очекува да се задржи и годинава. Во 2016 бројот на капитални проекти е поголем во споредба со лани. Затоа македонските градежници остануваат на домашен терен со помалку активности во странство и неколку посеризони  проекти во БИХ.