Двојно убиство во Кливленд - Позната новинарка и нејзиниот чичко пронајдени мртви
Властите во Охајо соопштија дека две лица се пронајдени мртви во куќа, меѓу кои и една жена кој била новинарка на сајтот Cleveland.com.
Полицијата во предградието Толедо соопшти дека во понеделникот ги пронашла телата на две лица, убиени од огнено оружје.
Станува збор за 30-годипната Ники Деламоте, која била застрелана неколку пати. Таа работела за веб-сајтот Cleveland.com во последните две години и пишувала стории од културата и социјални приказни.
Обдукцијата покажала дека чичкото на Деламоте, 67-годишниот Роберт Деламоте починал од еден истрел.
Властите не соопштија детали за инцидентот туку само дека се работи за истрага за убиство.
Веб сајтот Cleveland.com објави дека Ники Деламоте сакала повторно да се спои со нејзиниот чичко со кого имала слаби контакти како и со целото семејство на таткото откако родителите и се развеле.
Мајката на Деламоте изјави дека нејзината ќерка во неделата заминала да го посети својот чичко.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште