Балкан
29. January 2019 - 21:27

Двојно убиство и самоубиство во Дубровник: Си ги убил сопругата и дедото, ја ранил бабата, а потоа се самоубил

Во стан во Дубровник се пронајдени три безживотни тела и ранета жена. Неофицијално мртви се двајца мажи и една жена, а ранета е 74-годишна жена.

Жената имала прострелна рана и е надвор е од животна опасност.

Хрватските медиуми објавуваат дека причина за убиствата и самоубиството се семејни несогласувања.

Маж од засега неутврдени причини, ја убил сопругата, нејзиниот татко, а потоа ја ранил и мајка и, за на крајот да изврши самоубиство.

Медиумите додаваат дека извршителот на убиството било лице и претходно осудувано.

Телата ги пронашла полицијата, по дојава околу 06:50 часот дека во стан има три безживотни тела.