Бизнис
25. August 2017 - 21:08

Двојно се намалуваат цените кај дел од катастарските услуги

Се намалуваат цените на дел од катастарските услуги. Пониските цени ќе важат од први септемрви. Во моментов се работи на  прилагодување на електорнскиот шалтер за да може да се применуваат пониските цени.

Колку ќе чини издавањето имотен лист, ќе се знае по завршувањето на анализите, но во иднина нема да се плаќа надомест за повотрно поднесување пријава до Катастарот.

Приватните геодети ќе си ги вратат надлежностите за вршење теренски работи за општините и државата со што ќе се зголеми конкуренцијата. Досега вашките работи ги вршеше само Агенцијата за катастар, а бизнис секторот се жалеше на ефикасноста. Во иднина ќе се менува и казнената политика, па наместо веднаш да се изрекува казна, ќе се воведе опомена.