Македонија
3. October 2016 - 23:30

Двојна трагедија во Штип: Возачот кој усмрти велосипедист, почина од шок

Возач прегазил велосипедист на локалниот пат Штип-Караорман. Вчера попладнето, 51-годишниот штипјанец управувајќи со Лада Нива изгубил контрола и удрил во повозрасен човек на велосипед. Велосипедистот за жал починал на лице место.

Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало присуство на 1,60 промили алкохол во крвта.

Поради претрпениот шок, попладнево починал и возачот на автомобилот кој го прегази велосипедистот.