Фудбал
1. јуни 2017 - 11:25

Двојна круна за Ристовски и Жута

По освојувањето на трофејот во Хрватска, фудбалерите на Ријека во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута освоија и трофеј во националниот куп  откако го совладаа големиот ривал Динамо Загреб со 3-1 што е историски трофеј за Ријека која за првпат освојува двојна круна во хрватскиот фудбал. 

Двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута си ги заменија местата на теренот во 85. минута од финалето на хрватскиот куп, а Риека повторно беше подобра од Динамо и се закити со двојна круна.
 
 
Риека годинава ја прекина 11-годишната доминација на Динамо во првенството и ја освои првата шампионска титула во клупската историја, а денеска со убедлив триумф во купот стави печат на неверојатната сезона.