Loading Video...
Тенис
20. August 2021 - 17:59

Двојна елиминација на Ѓорческа на турнирот во Врњачка бања

Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши својпт настап на ИТФ-турнирот во Врњачка бања (Србија) и тоа дво двете конкуренции. 
 
Откаако беше елиминирана во четвртфиналето во сингл конкуренција во кое загуби од Ана Шишкова од Чешка со 6-3 и 6-1, Ѓорческа заедно со Украинката, Валерија Страхова беше поразена и во полуфиналето во игра на двојки. 
 
Тие загубија од бразилско-венецуелската двојка Каролина Алвез и Андреа Гамиз и тоа во три сета во кој противничките го добија првиот со 6-4, а Ѓорческа и Страхова беа подобри во вториот во тај-прејкот со 7-6. Во решавачкиот терт сет беа одиграни дури 22 гема, по кои противничките славеа со конечни 12-10 за пласма во финалето.