Македонија
11. јуни 2019 - 8:23

Дводневен форум „Партнерството е клучно за локалната демократија“

Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје.

На форумот е најавено учество на 60 учесници претставници на локалните власти, граѓанскиот сектор и меѓународни организации од Балканот и ЕУ, кои ќе имаат можност да разменат меѓусебно практики, искуства и да дискутираат за нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор.

Форумот е организиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ поддржан од Европска Унија и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).