Македонија
26. August 2016 - 14:33

Дводневен џез фестивал во Кавадарци

Во Кавадарци синоќа започна традиционалниот дводневен џез фестивал, кој е во рамки на републичката манифестација „Топол културен бран” и Меѓународната колонија „Кавадарци-Михајлово 2016”. 

- Ова е уште еден доказ дека Кавадарци со години наназад е на врвот од  листата на градови,  според бројот и квалитетот на организирани културни настани за јавноста, рече меѓу другото Владимир Темков, директор на кавадаречкиот културен дом.

Првата вечер од фестивалот, присутните можеа да уживаат во изведбите на Тони Китаноски-трио и Летечки пекинезери. Вечерва на програмата се FUNKTASTIK COALITION од Србија и Сашо Поповски-трио.

Настанот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а е во организација на градоначалникот и Совет на општина Кавадарци, Домот на култура “Иван Мазов Климе” од Кавадарци и Здружението на џез музичари и слободни уметници од Скопје.