Македонија
7. April 2016 - 9:10

Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид кај Врбјани

Патниот правец Кичево - Охрид меѓу Пресека и селото Врбјани денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Причина за прекинот е изведувањето работи на пат, односно минирање на патот. 

На останатите патни правци сообраќајот ќе се одвива без забрани по суви коловози.