Македонија
4. February 2020 - 14:34

Движењето Беса: Ултиматумот на Алијанса за Албанците за нас е неразбрлив

Трендот на јавни понуди кој воопшто не е сериозен за градење на добронамерно партнерство, изгледа дека сеуште продолжува.

Врз основа на јавната понуда од страна на Алијанса на Албанците, за трипартитна коалиција, Движењето БЕСА, на 08.01.2020 година, со одлука на Централното Претседателство прифати да се даде можност на една таква коалиција.

Од денот кога донесовме одлуга во Централното Претседателство до ден денес немаме одговор зошто сеуште нема заеднички состанок меѓу трите политички парти за да ги дефинираме сите детали околу можноста за коалиционирање како што и беше претставена понудата од страна на Алијанса на Албанците.

За жал, иако Алијанса на Албанците има можност за директна комуникација со нос, вчера уште еднаш, преку јавна понуда, во форма на ултиматум што за нас е не разбирлив, Алијанса на Албанците јавно упати повик за три партиска коалиција.

Ние и денес, како и пред еден месец јавно кажуваме ДА, сме за една таква соработка и сме спремни да седнеме сите три партии да се договориме околу сите детали, вклучувајќи и поделба на позициите во кандидатските листи за пратеници.

За Движење БЕСА е многу важно да се постигне една победничка коалиција која ќе донесе промени и чија политичка понуда ќе се осонова на конкретна програма и платформа. Имајќи предвид дека усогласувањето на програмата и политичката понуда треба да биде во координација со сите вклучени политички партии во една можна коалиција, ние повторуваме уште еднаш дека е потребно да седниме и да дискутираме за модалитетите и формата на заедничко делување на една коалиција составена од трите партии.

И денес јавно укажуваме дека поделбата на листите за нас е најмал проблем, затоа и денес јавно нудиме две опции:

  • прво, поделба на позициите во пратеничките листи врз основа целосно партнерство меѓу трите политички партии,
  • второ, поделба на позициите во пратеничките листи врз основа истражување на јавно мислење преку анкети од агенции за кои ќе се договориме трите партии заедно.

Затоа е неопходно да имаме средба меѓу трите политички партии за да ги усогласиме сите потребни детали.

Движење БЕСА во овој процес влегла со целосно транспарентен и искрен пристап, бидејќи ние со ова се идентификуваме како политичка партија и така ќе продолжуваме и во иднина, поради тоа што сме убедени дека граѓаните знаат да проценат кој е искрен за соработка и кои прави игри.