Балкан
3. January 2016 - 9:06

Двегодишно момче прва жртва меѓу мигрантите оваа година во Грција

Двегодишното момче, кое се удави кај грчкиот остров Агатониси стана прва жртва меѓу мигрантите оваа година, соопшти крајбрежната стража. 

Момчето и уште 39 патници се наоѓаа во пренатрупаниот гумен чамец, кој вчера удри во карпа кај островот и се преврте. 

Сите мигранти беа спасени, освен момчето, а десетмина од преживеаните се хоспитализирани поради хипотермија. 

Чамецот, со кој патувале тргнал од Техеран во услови на засилен ветер.

Меѓу спасените е и мајката на момчето, а сите спасени мигранти се префрлени во пристаништето Питагорио на островот Самос.

Засега не е позната националноста на мигрантите.