Македонија
15. May 2019 - 11:03

Двегодишно девојче почина откако во неа удрил автомобил

Вчера во 14:45 часот на паркинг простор на улица “23-ти Октомври“ во Скопје, патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. С. (35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош. Во 15:20 часот детето им подлегнало на повредите. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.