Живот
6. July 2017 - 19:31

Двегодишно девојче лежело во превртен автомобил до својот мртов татко

Американските медиуми деновиве се присетуваат на најемотивната фотографија направена за време на една сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, а останатите членови од семејството биле повредени.

Во 2015-та година Стефани и нејзиниот сопруг Карлос заедно со нивните четири деца учествувале во сообраќајна несреќа која била кобна за таткото Карлос. Мајката Стефани со останатите три деца биле веднаш префрлени во болница, додека двегодишната ќерка Сирена останала во прегратките на полицаецот.

Фотографијата и по две години предизвикува бурни емоции кај сите по самиот факт што девојчето било извадено од автомобилот во кој лежел нејзиниот мртов татко.

Полицаецот по име Ник се со цел за да ја заштити двегодишната Сирена ја оддалечил од местото и се обидел да и го привлече вниманието покажувајќи и интересни работи.

Тој се со цел да го утеши девојчето и пеел и песни, а се обидел и да се спријатели со него за да тој се настрои заштитнички кон неа.

Оваа вест американските медиуми деновиве ја реобјавија по повод одавање на почит на загинатиот татко како и на сите полициски службеници кои се справуваат со вакви емотивни ситуации секојдневно.