Македонија
22. July 2016 - 15:54

Две улици на Водно утре со прекинато водоснабдување

По известувањето добиено од ЈП „Водовод и канализација“, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре (сабота, 23 јули) без вода ќе бидат корисници од две улици во населбата Водно. 

Како што се наведува во соопштението, поради технички причини најавата за реконструкција за денеска се одлага за утре. Од 9:00 часот до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат жителите од ул. „Христо Чернопеев“ и дел од ул. „Славејко Арсов“.