Живот
30. January 2018 - 22:50

Две ученички во Сплит се тепаат, а стотина другари гледаат и навиваат

На социјалните мрежи се шират видеа од тепачка помеѓу две ученички од Сплит. Додека двете девојчиња се тепаат, огромен број нивни другари гледаат и навиваат.

Настанот се случил во близина на седиштето на полицијата во Сплит, а според хрватсктие медиуми, во полиција било пријавено дека има масовна тепачка. Сепак, полициската патрола не затекнала никаков неред и никој не побарал помош од лекар.

Девојките прво се караат, а потоа едната ја напаѓа другата, додека нивните другари само гледаат. Тие се вмешуваат само откако едно девојче ќе се повлече, па соучениците одат да ѝ помогнат на другото кое што лежи и се држи за глава.

Полицијата утрово извести дека имаат информации за учениците кои се тепале и дека ќе го расветлат случајот.

Една вработена во училиште во Сплит раскажува дека ваквите тепачки се организирани и дека се започнало пред една година.

– Се работи за договорени тепачки, а особено загрижува податокот што доаѓаат и постари лица со камери и ги снимаат децата како се тепаат, раскажува таа.