Живот
28. October 2015 - 19:27

Две ученички крвнички се тепаат во училишен двор

Две школски другарки среде бел ден се испотеепаа на теренот на едно училиште наводно во Лесковац.

Foto: Youtube printscreen

Се влечеле за коса, се кубеле и немилосредно се удирале и тоа пред насобраните врсници кои со своите мобилни телефони ја снимија нивната физичка пресметка.

Никој со прст не мрдна се додека едната не ја легна другата на земја и почна да ја удира со сета сила. Не се знае кога тепачката се случила, но видео снимката на ЈуТјуб е објавена на почетокот на овој месец. Во неговиот опис стои дека се случила тепачката во Лесковац.

Foto: Youtube printscreen