Свет
27. March 2016 - 9:24

Две третини од грѓаните на Венецуела сметаат дека мандатот на Мадуро треба да заврши оваа година

Речиси две третини од граѓаните на Венецуела сметаат дека мандатот на претседателот Николас Мадуро треба да заврши оваа година, покажуваат резултатите од неодамнешното истражување. 

Според анкетата 63,6 проценти од Венецуелците сметаат дека Мадуро треба да ја напушти функцијата оваа година или да биде остранет преку референдум, додека 29,3 отсто сметаат дека неговиот мандат треба да продолжи до 2019 година, кога тој и истекува.

Опозицијата се обидува да го симне Мадуро од власт поради се поголемата економска криза во земјата, која е последица на падот на цената на нафтата