Две тешки кражби во Скопје, еве што исчезна од склад и паркиран џип
Рано утрово околу 05.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, В.Л.- ангажиран како обезбедување, пријавил дека три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во административна зграда во изградба на ул.
„Филип Втори Македонски“. Сторителите со закана со метални шипки одзеле неколку котури бакар и други предмети, по што со патничко возило непозната марка побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Вчера во Полициска станица Бит пазар, В.И. (65) од Скопје пријавил дека во периодот од 15.30 до 19.00 часот непознат сторител извршил кражба од патничко возило „Тојота Ленд Крузер“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот одзел црна чанта во која имало пиштол „Глок“ Л17 , кој В.И. го поседувал со одобрение и други лични документи и документи од едно правно лице.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море