Свет
31. March 2016 - 15:20

Две свински глави закачени на оградата на резиденцијата на мароканскиот амбасадор во Париз

Две отсечени свински глава утринава осамнаа на оградата на резиденцијата на мароканскиот амабасадор во Франција, што се наоѓа во западното предградие на Париз, Неји сур Сен.

Како што јавија француските медиму, во врска со инцидентот мароканската Амбасада поднела тужба против непознат сторител.

Во времето кога биле забележана двете свински глави на оградата, амбасадорот бил во неговата резиденција, 

Француската полиција започна истрага за случајот.