Македонија
18. July 2018 - 14:29

Две страшни сообраќајки во гостиварскиот крај, двајца повредени

Вчера околу 13,20 часот на улицата „Кеј Братство единство“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Пежо партнер“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од И.Н.(58) од Гостивар и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки управувано од Р.А.(21) исто така од Гостивар.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил префрлен на скопските клиники. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот. 

Претходно истиот ден околу 10,40 часот на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во близина на Бошков мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки управувано од И.М.(40) од Дебар и

„Опел корса“ со скопски ознаки управувно од К.Н.(60). Во незгодата К.Н. се здобил со тешки телесни повреди, пренесен бил во дебарската болница, а по укажаната лекарска помош, префрлен бил на скопските клиники, додека И.М. се здобил со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настано настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.