Фудбал
21. December 2015 - 15:13

Две шанси за ван Гал

Челниците на Манчестер Јунајтед ќе му врачат отказ на менаџерот Луј ван Гал доколку тимот не успее да забележи победи на наредните две средби, против Стоук и Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
 
Манчестер Јунајтед не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, додека во Премиерлигата се наоѓаат на петтата позиција со девет бодови помалку од лидерот Лестер.
 
Тимот на Ван Гал е без победа на последните четири натпревари во Премиерлигата, односно нема победа на последните шест натпревари во сите натпреварувања.
 
Во анкетата на Mirror дури 89 отсто од навивачите на Манчестер Јунајтед се изјасниле дека Ван Гал треба да си замине од клубот.