Живот
24. March 2019 - 14:41

Две секунди ги делеа од сигурна смрт: Во последен момент излегоа од возилото кое го однесе залетан камион

Двајца Полјаци имаа многу среќа кога на нивното возило на прометен автопат налета камион,

Тие застанале на една лента и вклучиле четири трепкачи зошто најверојатно возилото им се расипало.

Меѓутоа, кога виделе дека камионот зад нив нема воопшто намера да застане, излетале на патот и благодарени на многу брзите рефлекси побегнаа и избегнаа некој да ги удри со возило.

Две секунди ги делеа од сигурна смрт. Камионот го однесе нивниот автомобил, без да закочи.

Како што рече еден од очевидците, едноставно е неверојатно како мажите успеаја да се спасат и да останат неповредени.

„За жал, другите возачи воошто не се обѕрнуваа на оваа незгода и само продолжија да се движат меѓу разнесеното возило“, рече тој.