Македонија
14. July 2016 - 8:21

Две седници во македонското собрание

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 108-мата седница на која на дневен ред е Предлог на закон за дополнување на Законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, по скратена постапка.

По оваа, Собранието ќе ја продолжи и 110-тата седница, на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство, во второ читање, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Во законодавниот дом за денеска се закажани и седници на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за финансирање и буџет кои ќе го разгледуваат Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во второ читање.