Македонија
18. October 2021 - 20:50

Две општини ќе гласаат од почеток, информира ДИК

На денешната пресконференција во 20:00 часот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека во две општини ќе се повтори целата изборна постапка.

- Во две општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка чл.132 ст.2 од Изборниот законик, соопшти Даштевски.